Почнува плеј-оф лудилото – Лејкерс ќе има ултра тешка задача да ја одбрани титулата во НБА

Време е за плеј-оф во НБА лигата. Со четири натпревари вечерва ќе почне лудилото во најсилната кошаркарска лига во светот. Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс ќе има тешка задача да го одбрани трофејот освоен минатат година во „балонот“ во Орландо.

Леброн Џејмс и компанија поради големиот број на повреди плеј-офот ќе го стартуваат од седмата позиција што значи веднаш натпревар со одличниот Феникс Санс кој годинава е предводен од Крис Пол. Јута Џез која првпат по легендарната генерација на Карл Мелоун и Џон Стоктоун може да се надева на највисок пласман за противник ќе го има можеби и најслабиот тим во плеј-офот на Западот Мемфис Гризлис.

Лука Дончиќ и Далас Маверикс ќе се обидат да му се одмаздат на ЛА Клиперс за минатогодишниот пораз во истата фаза од плеј-офот, а неверојатна серија се очекува и меѓу Девнер Нагетс и Портланд Треилблејзерс.

На Истокот првиот носител Филаделфија 76 за противник ќе го има Вашингтон предводен од Расел Вестбрук и Бредли Бил. Дрим-тимот на Бруклин Нетс прва препрека кон освојување на титулата ќе ја има во Бостон Селтикс.

Милвоки Бакс и Мајами Хит се очекува да биде најинтересниот дуел во првата фаза од плеј-офот на истокот, а „Медисон сквер гарден“ по долги години повторно ќе живее за своите Никс во серијата против Атланта Хоукс.

Се вчитува...