Почнува судскиот процес против Гигс за напад на неговата поранешна девојка

Судот Манчестер деновиве ќе го стартува судскиот процес против екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед и селектор на Велс, Рајан Гигс, кој е обвинет за напад на неговата поранешна девојка.

Кејт Гренвил го обвини Гигс за нанесување телесна повреда на нејзе во неговиот дом во Ворсли, Манчестер, на 1 ноември 2020 година. Тој е обвинет и за напад на нејзината помлада сестра Ема за време на истиот инцидент.

Гигс (48) исто така се соочува со обвинувања за „контролирано и присилно однесување“ против неговата поранешна девојка во периодот од август 2017 година до ноември 2020 година.

Судењето во Манчестер се очекува да трае до десет дена. Гигс ги отфрли сите обвинувања, но поднесе оставка како селектор на Велс, велејќи дека не сака да ги загрози подготовките пред СП во Катар подоцна оваа година.

Се вчитува...