Трансфер-лудило: Желбите на гигантите за јануари

Пандемијата на коронавирус ги промени животите на милијарди луѓе, а ни ни можеше да го заобиколи ниту фудбалот и плановите на клубовите. Претходниот трансфер период беше значајно посиромашен од претходните години, така ќе биде и во овој рок, но сепак се очекуваат неколку спектакуларни трансфери.

Врвни фудбалери се достапни без отштета на крајот од сезонава, па нивните клубови летово ќе се обидат да ги продадат и да заработат барем нешто, а има и такви играчи кои инсистираат на трансфер во клубови каде ќе добијат поголема минутажа.

Ливерпул


Ни изминатото лето не се очекуваа големи промени на „Енфилд“, но Ливерпул ги доведе Жота, Алкантара и Цимикас. Финансиските проблеми се тука и овој рок па Клоп ќе мора да се засили само онаму каде што е неопходно, а тоа е централната дефанзивна позиција каде по повредите на Ван Дајк, Гомез и Матип, германскиот тренер се соочува со сериозни проблеми. На врвот на краткиот список на Ливерпул се наоѓаат младите таленти Озан Кабук од Шалке и Свен Ботман од Лил. Упамекано и Конате се прескапи за англискиот состав, меѓутоа доколку тимот го напуштат Ориги или Шакири лесно би можел да се промени овој список.

Манчестер Сити


„Сините“ од Манчестер ја практикуваат тактиката на Челси со доведување на „проверени“ фудбалери за моментални резултати, а и одлично функционира и скаутинг системот, кој „собира“ млади таленти на кои допрва ќе се зголеми цената. Таков е примерот со Филип Станковиќ од Партизан, Диего Роса од Гремио, и Дарио Сермиенто, а акцентот оваа зима ќе биде ставен на ваков вид играчи. Опција за доведување на нови „проверени“ засилувања е само доколку тимот го напуштат Алекс Зинченко и Ерик Гарсија, а во тој случај како опција се јавуваат Николас Таглиафико, Лука Дињ или Ренан Лоди.

Манчестер Јунајтед


За разлика од Сити кој детално планира, градскиот ривал Јунајтед работи сосема различно. По ерата на Фергусон, „црвените ѓаволи“ го изгубија компасот, а Ед Вудворд и соработниците не знаат која е целта. Претходниот трансфер рок целеа на крилен играч и во преден план беше Џејдон Санчо, а на крајот на „Олд Трафорд“ пристигна Едисон Кавани. Трансфер желби на Јунајтед оваа зима за засилување на средниот ред е Чалханоглу од Милан, кој би можел да пристигне и наредното лето како слободен играч. Се мерка и нов централен дефанзивец, каде најспоменувани се Кабак и Миленковиќ. Почнати се и преговори за нов десен бек, со Аронс како приоритет.

Челси


Челси потроши огромна сума на пари за засилувања во летниот трансфер рок и се чинеше дека „сините“ нема да треба треба да вложуваат сериозни пари следните години, но шест месеци подоцна ситуацијата е различна. Пред излезна врата од „Стемфорд Бриџ“ се Жоржињо, Кристенсен, Кепа, Емерсон или Алонсо, Рудигер или Томори, а доколку тимот од Лондон собере доволна цифра од овие играчи ќе тргне во нова офанзива. Најголемата желба на Лампард е Деклан Рајс, а негова алтернатива од Денис Закарија. Проритет за клубот е стопер, а на овој список се наоѓаат Алаба од Баерн и Вен Вајт од Брајтон.

Арсенал


Доколку на некој од „големата шестка“ на Премиерлигата им се потребни засилувања, дефинитивно тоа е Арсенал. „Топчиите“ прво мораат да го решат хаосот со играчите на кои Артета на смета, а овој листа полека почна да се „чисти“. Колашинац замина, по него тргна и Салиба, а следни на листата се Папастополус, Мустафи и Озил. Креативец од средниот ред е приоритет оваа зима, а најголемата желба е Иско. Опција е и Ериксен кој е пред заминување од Интер, а често се споменуваат и Џулијан Брант од Дортмунд и Бејли од Леверкузен.

Тотенхем


По неколку трансфер периоди, Тотенхем конечно не е под притисок да бара замена за Хери Кејн, па Мурињо ќе се фокусира на стопер и играч за врска. Во преден план се Сами Кедира, Сабицер од Лајпциг и Дерон од Аталанта, додека во дефанзивата гласините покажуваат на Серхио Рамос, Милан Шкринијар и Џон Стонс, меѓутоа останува отворено прашањето колкава е можноста овие играчи да го засилат тимот. Најголемиот проблем на Тотенхем е Деле Али, на кого португалскиот тренер не смета сериозно, а пред излезната врата се и Газанига, Роуз и Фернадеш.

Реал Мадрид


Кралскиот клуб не беше активен на пазарот претходното лето, а не се очекува многу ниту оваа зима. Зидан сака мирен трансфер рок, а клубот нема ништо против. Едиствениот потпис кој се споменува е Давид Алаба, меѓутоа Австриецот може да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ дури во престојното лето, безз никаква отштета. Клубот може да го напуштат Иско и Дијаз, а главоболки за „кралевите“ се големиот број на играчи кои треба да се вратат во клубот по позајмиците. Тимот од Мадрид нема да реагира оваа зима, меѓутоа не очекува бурно лето во Шпанија каде на врв на листата на приоритети се Мбапе, Камавинга и Халанд.

Барселона


Финансиските проблеми се преголеми кај каталонскиот клуб, а не помагаат ниту престојните претседателски избори, закажани за 24. јануари, по кои ќе биде многу појасна сликата во Барселона. Дотогаш не треба да се очекуваат големи имиња, но нема да биде изненадување доколку Куман тргне по желбите од летото, Алекс Гарсија и Мемфис Депај. Сагата околку заминувањето на Меси ќе биде јасна наскоро, по која клубот ќе одлучува како ќе се одвива реконструкцијата.

Атлетико Мадрид


За разлика од Барселона и Реал Мадрид далеку поживо се очекува да биде во Атлетико. Диего Симеоне ја „намириса“ шансата за титула и ќе се обиде да ја искористи. Раскинувањето на договорот со Коста покажа дека се очекуваат сериозни промени, а во преден план е Милик од Наполи.

Јувентус


Јувентус се наоѓа пред смена на генерации, клубот вложува во млади играчи па истото се очекува и во овој трансфер период каде првото име на списокот е Ловата од Верона, а тука е и Мануел Локатели од Сасуоло. На Пирло му е потребен и искусен напаѓач па како опции се разгледуваат Оливие Жиру, Грацијано Пеле и Љоренте. Останува да видиме и како ќе заврши сагата со Пауло Дибала, кој го одби понудениот договор за останување во Јувентус, а за кого заинтересирани се голем број клубови.

Интер


Антонио Конте сака засилувања, но за истите потребна е „чистка“. Наинголан замина, а по неговите стапки се очекува да тргнат и Ериксен и Весино. Поранешниот тренер на Челси сака да пазари во „познатата атмосфера“ па на неговата листа на желби се наоѓаат Палмиери, Алонсо, Конте и Оливие Жиру. Покрај нив се споменуваат и Ренато Санчез, Гранит Џака, Папу Гомез, Родриго де Пол и Дивок Ориџи… многу желби, но малку можности.

Милан


Сензацијата на 2020 година сака да продолжи со истиот стил и во 2021. Милан со скромни средства успеа да направи тим кој импресираше, „росонерите“ се наоѓаат во „пол-позиција“ за освојување на италијанското првенство, но за тоа потребна е и „длабока клупа“. Желбата на „црвено-црните“ се стопер, играч за врска и резервен шпиц, а на списокот се наоѓаат Озан Кабак, Мохамед Симакан, Бабакари Сумара, Емануел Коне, Лука Јовиќ и Одсон Едуар од Селтик. Каква ќе биде реализацијата во однос на финансиските можности останува да видиме.

ПСЖ


Без разлика на светската криза, ПСЖ е клуб кој ќе биде активен на пазарот и оваа зима. Доаѓањето на Покетино на „Паркот на Принцовите“ носи и нова ера за клубот од Парис, кој ги сака своите „пулени“ од времето поминато во Тотенхем, Кристијан Ериксен и Деле Али. Покрај засилувања се очекува и „чистка“ каде во преден план се Паредес, Гај и Дракслер. На врвот на приоритети за францускиот состав останува продолжувањето на договорот на првите ѕвезди на тимот, Мбапе и Нејмар.

Баерн Минхен


Баварците имаа интересен трансфер период изминатото лето, па од нив не се очекуваат големи промени оваа зима. Тимот од Минхен веќе ја одбри размената Ериксен-Толисо, од „Алијанц Арена“ ќе си заминат и Алаба и Боатенг, од Германците се очекува „активирање“ дури во летниот период, кога и понудите на врвни фудбалери ќе биде далеку поголема

Борусија Дортмунд


Тимот од Дортмунд има изобилство од играчи на својата клупа па од Борусија се очекуваат заминувања, а не нови играчи и „бурни“ имиња. Скаутинг процесот на германскиот состав повеќе пати докажа дека функционира беспрекорно, а на мета на тимот од „Сигнал Игуна Парк“ се младите Џејдон Браф, Пабло Ортиз, Маркус Форс и Омар Бејаз, за кои „жолто-црните“ веруваат дека ќе тргнат по стапките на Џејдон Санчо.

Се вчитува...