Подгответе се за луди премиерлигашки викенди: По пет меча дневно на ТВ во сабота и во недела

Премиер – лигата се подготвува за камбек, најверојатно ќе добие дозвола од средината на јуни, а веќе е подготвен луд викенд план во кој ќе има вкупно 10 натпревари на ТВ екраните. По пет меча во сабота и во недела е планот што го подготвија броудкастерите во копродукција со Премиер-лигата. Првиот меч ќе биде во 13 часот, а потоа ќе следи маратон со следни натпревари од 15, 17, 19 и од 21 часот.

Подготвен е план и за „замена“ на Лигата на шампионите, ќе се искористат термините во вторник и во среда. Ќе има премиерлигашки натпревари на ТВ двата дена, со по два термина, од 19 и од 21 часот.

Премиер-лигата ќе се врати во турбо – ритам, клубовите веќе добија дозвола за групни тренинзи, секако со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот. Фудбалскиот бизнис е огромен на Островот, клубовите ќе треба да вратат 330 милиони фунти на ТВ каналите кои ги имаат ексклузивните права за преноси доколку се одиграат планираните 92 натпревари до крајот на шампионатот, а дури 762 милиони фунти доколку тоа не се случи.

Веќе 78 дена нема фудбал во Премиер – лигата и се прават последните подготовки за машинеријата повторно да се врати во турбо-ритам.

Се вчитува...