Подгответе се за нова моќна Барселона – Чави има суперталентиран тим (ФОТО)

Барселона мака мачи во последните години. Смената на генерации проследена со финансиските проблеми кои ги создаде пандемијата на коронавирус го оддалечија тимот од стандардната битка за „триплета“, но се чини дека каталонците се на добар пат за враќање на претпознатливата слава.

Со ангажманот на Чави тимот влегува во нова ера, а за неа младиот шпански стратег ќе може да смета на дури дванаесет играчи до 22 години: Феран Торес (21), Рики Пуиг (22), Роналд Араухо (22), Сержињо Дест (21), Абде Езалзули (20), Ерик Гарсија (20), Ансу Фати (19), Педри (19), Нико Гонзалез (19), Оскар Мингеза (22), Инаки Пена (22) и Гави (17).

Сепак овие дванаесетмина нема да бидат заедно на зелениот терен уште од оваа сезона. Барселона има и поискусни играчи како Дембеле, Де Јонг, Алаба… во својот состав, а по официјализирање на соработката со Феран Торес најавите за почетните единаесетмина се следните.

Напад со Торес, Фати и Дембеле; средина со Педри, Бускетс и Де Јонг; одбрана со Пике, Араухо, Алба и Алвес; на голот Тер Штеген.

Се вчитува...