Подмладениот Работнички без шанси против Пелистер (Фотогалерија)

Пелистер триумфално ја стартуваше новата сезона откако битолчани лесно и убедливо славеа на гостувањето во „Кале“ против Работнички со убедливи . „Центарци“ поради финансиските долгови настапија без странските засилувања, со неколку јуниори во тимот, а со таков состав не можеа посериозно да му се спротивстават на Пелистер, кој и сезонава е меѓу главните кандидати за највисок пласман.

Стојановски ги постигна првите шест поени за Работнички, мечот беше израмнет токму до 6-6, по што Пелистер додаде гас и почна да се одлепува резултатски. Со тројката на Крстевски првата четвртина заврши со 13-27, Работнички спушти под десет во дел од вториот период, но на одмор се замина со 40-52 за Пелистер. Битолчани заиграа пофокусирано во вториот дел, постигнувајќи 37 поени само во третата четвртина (16-37), користејќи ја кратката ротација на домашниот тим и зголемувајќи ја предноста до конечните 75-115.

Седум кошаркари на Пелистер имаа двоцифрен ефект, а најефикасни беа Малешевиќ со 22 и Вилсон со 18 поени, додека најефикасен кај Работнички беше Ефремовски со 38 поени.

 

Се вчитува...