Поднесен предлог-законот за даночно ослободување за спортските федерации, клубовите и спортистите

Како што информираат денеска од Владата на РМ, Министерството за правда, врз основа на предлогот на Агенцијата за млади и спорт, не денешната седница го поднесе на разгледување и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за спорт.

„Се предлага даночно ослободување по Законот за данок за националните спортски федерации, за спортските клубови, за активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови, како и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт“ – соопштија од Владата на РМ.

Како што е познати, даночното олеснување ќе се користи врз основа на издаден ваучер од страна на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, со што ќе се обезбедат значителни средства за поддршка на спортот и спортистите.

Претходно, по обелоденувањето на критериумите за издавање ваучери на пооделните субјекти и организации, незадоволство од истите искажаа фудбалските прволигаши кои нагласија дека до Владата ќе поднесат измени во предлог критериумите како и би се добила соодветна распределба на средствата добивани согласно даночно ослободување по Законот за данок.

Се вчитува...