Подвиг на Лидс – реми против Манчестер Сити

Манчестер Сити загуби уште два бода на стартот од сезонава откако „граѓаните“ вечерва одиграа само 1-1 на гостувањето против Лидс Јунајтед. Тимот на нашиот Алиоски немаше среќа во првото коло против Ливерпул, но „пулените“ на Биелса одиграа одличен меч и освоија заслужен бод против дрим-тимот на Пеп Гвардиола.

Мечот почна одлично за Сити, Де Бруине на самиот почеток го погоди дирекот, а иницијативата беше крунисана со водечкиот погодок на Рахим Стерлинг. Лидс конечно се разбуди по примениот гол, почна да создава шанси, а во вториот дел стигна и до заслужено израмнување преку Родриго, кој реализираше само три минути по влегувањето во игра. До крајот на мечот и двете екипи имаа одлични шанси да стигнат и до втор гол, но не успеаја во тоа, па овој суперинтересен натпревар заврши со поделба на бодовите.

Езгијан Алиоски доби шанса во стартниот тим на Лидс, македонскиот репрезентативец промаши одлична шанса при 0-0, а потоа беше заменет на паузата меѓу двете полувремиња.

Се вчитува...