Погба дефинитивно го напушта Јунајтед, следна дестинација…

Манчестер Јунајтед нема да го продолжи договорот на Пол Погба и ќе се обиде да го продаде одличниот Французин во следниот преоден рок, пренесуваат британските медиуми.

Актуелниот договор на Погба со Јунајтед истекува во јуни следната година, а од тимот од „Олд Трафорд“ се сигурни дека нема да ја искористат опцијата за продолжување на уште една година. Тој би требало да замине уште ова лето, а како најголем фаворит за неговиот потпис се споменува Реал Мадрид, бидејќи Погба е голема желба на тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан.

Погба во Манчестер се врати во 2016 година, но не ги оправда очекувањата на фановите и раководството и поради тоа повторно ќе го напушти англискиот гигант.

Се вчитува...