Погба емотивно се прости од Мино Раиола (ВИДЕО)

Пол Погба му оддаде последна почит на својот долгогодишен агент, Мино Раиола, кој почина на 54-годишна возраст по долга борба со болеста.

На Твитер, фудбалерот на Манчестер јунајтед, објави видео на кое е заедно со Холанѓанецот со италијанско потекло од посреќните времиња со порака: „Секогаш во моето срце, ти благодарам Мими“.

Раиола, кој исто така беше агент на Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимовиќ, соработуваше со Погба од времето кога тој произлезе од академијата на Манчестер јунајтед како тинејџер, обезбедувајќи му го трансферот во Јувентус (бесплатно), исто како и враќањето во Јунајтед за 100 милиони евра.

Се вчитува...