Погба фрустриран и брутално искрен: Ние играме очајно, а не знаеме каде е проблемот

Пол Погба не ја крие фрустрацијата од очајните резултати на Манчестер јунајтед, кој ова лето донесе голем број засилувања како Санчо, Варан и Кристијано Роналдо.

Резултатите се далеку од очекуваните, па Погба е и максимално искрен во изјавата по поразот од Лестер.

„Заслуживме да загубиме. Да бидам искрен, лошо играме веќе подолго време а притоа не наоѓаме каде е проблемот. Примаме лесни и глупави голови. Мора да бидеме позрели, да играме со поголемо искуство и ароганција во добра смисла. Мора да се промени. Треба да пронајдеме и одговорачка тактика“ – искрен е Французинот.

„Црвените ѓаволи“ ги очекува пеколен распоред во следниот период. Ќе има тешки предизвици и во Лигата на шампионите па прашање е дали Оле Гунар Солскјер ќе „преживее“. Јунајтед сега е петти тим на табелата во Премиерлигата со 14 бода, а водечкиот Ливерпул има 18 бода.

Се вчитува...