Погба го одигра последниот меч за Манчестер јунајтед?

Пол Погба веќе го одиграл последниот натпревар за Манчестер јунајтед, пренесуваат медиумите во Велика Британија. Французинот секој ден е се поблиску до заминување од „Олд трафорд“, а повредата која ја заработи во репрезентацијата на Франција ќе го задржи надвор од теренот минимум два месеци.

Тоа значи дека веројатно својот последен натпревар за „црвените-ѓаволи“ веќе го одиграл, бидејќи се поголеми се шпекулациите дека тој во зимскиот преоден рок ќе ја промени средината.

Клубот престана со преговорите за продолжување на договорот кој истекува летово, па затоа од раководството ќе сакаат да заработат барем нешто од трансферот на Французинот. Останува да почекаме до јануари да видиме како ќе се движи целата ситуација, а главни фаворити за неговиот потпис се Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Се вчитува...