Погба и дефинитивно одлучи: Заминувам од Јунајтед, време е за нов предизвик

Францускиот репрезентативец Пол Погба и дефинитивно, сега соопштувајќи и пред медиуми, е решен ова лето да замине од Манчестер јунајтед.

„Три години сум во Манчестер, имав некои добри и некои лоши моменти. Мислам дека ова е добро време за нов предизвик на друго место“ – порача Погба.

Сега останува да биде одредена неговата следна дестинација. Најпрво се спомнуваше Реал Мадрид, па и враќање во Јувентус, но остануваат отворени многу опции… Најблиску е, се чини, до дресот на Реал Мадрид иако потпретседателот на Јуве, Павел Недвед денеска е во Монте Карло на средба со агентот на фудбалерот, Мино Раиола.

Погба во Манчестер јунајтед пристигна од Јувентус тогаш за рекордни 93 милиони фунти, во летото 2016 година.

Се вчитува...