Погба има 30 милиони причини да си замине од „Олд Трафорд“

Пол Погба на крајот од сезонава ќе стане слободен играч, засега не е ниту блиску до потпишување на нов договор со Манчестер Јунајтед, а целата ситуација се обидува да ја искористи Реал Мадрид. „Кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола, а на маса е фантастична победа.

Доколку се реши за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, Погба ќе добие бонус од 30 милиони евра само за потписот со „кралскиот клуб“, одлична причина за заминување од „Олд Трафорд“. Покрај овој бонус, Реал му нуди на францускиот плејмејкер и плата од 14 милиони евра по сезона, плус богати бонуси за секој освоен трофеј во дресот на шпанскиот гигант.

Флорентино Перез не ја крие желбата да го обедини во Мадрид триото на францускиот национален тим, Погба – Мбапе – Бензема. Ако се знае дека Погба и Мбапе стануваат слободни играчи летово, јасно е дека тоа многу лесно може да се случи.

Се вчитува...