Погба: Јане, ти благодарам за позитивната енергија и те канам во Манчестер (ВИДЕО)

Светската фудбалска ѕвезда Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед, и официјално го покани Јане Велковски, момчето од Македонија кое боледува од Спинална мускулна атрофија, да му биде гостин и да гледа натпревар на „Олд трафорд“. Исто така, му се заблагодари за позитивната енергија што му ја дава со нивното пријателство.

Погба на Јане Велковски претходно му испрати и оригинален дрес со посвета од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...