Погба ќе го направи најголемото предавство во историјата на клубот

Францускиот интернационалец, Пол Погба по истекот на договорот на крајот на сезонава и дефинитивно како слободен играч ќе го напушти Манчестер јунајтед. Иако претходно беше поврзуван со враќање во Јувентус, како и со Пари Сен Жермен и Барселона, денеска од Велика Британија стигнуваат шокатни информации.

Имено, Французинот ќе го направи најголемото предавство можеби во историјата на клубот и „Олд трафорд“ ќе го замени со „Итихад“, стадионот на градскиот ривал Манчестер сити.

Погба наводно е отворен да зема и помала плата, само да игра за Пеп Гвардиола за кого има големо почитување. Ова би бил втор вака контроверзен трансфер откако во 2009 година Карлос Тевез го замени јунајтед со градскиот ривал.

Се вчитува...