Погба мора на операција…, ќе паузира еден месец

Францускиот фудбалер за врска од редовите на Манчестер јунајтед, Пол Погба повторно е повреден.

Погба го пропушти мечот против Арсенал, по кој менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер откри зошто.

„Погба е повреден. Му следи операција на стопалото поради што три или четири недели ќе биде надвор од терените“ – истакна Солскјер по синоќешниот натпревар, во кој Манчестер загуби од Арсенал со 2-0.

Погба сезонава има огромни проблеми со повредите. Ова за него е дури трета сезонава, поради што настапи на само осум натпревари.

Се вчитува...