„Погба може да биде легенда на Јунајтед, ако…“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ли Шарп вели дека Пол Погба може да стане легенда на тимот од „Олд Трафорд“.

„Би сакал клубот да го задржи. Мислам дека може да стане апсолутна легенда на Јунајтед. Тој е светска класа. Може да биде најголем, ако се создаде добар тим околу него и клубот доведе фудбалери кои можат да играат со нив. Ако се изгради тим околу него, тој ќе стане легенда на клубот“, изјави Шарп. 

Пол Погба поради повреда подолг период е надвор од теренот, а се поголеми се шпекулациите дека тој на крајот на сезоната ќе ги напушти „црвените-ѓаволи“.

Се вчитува...