Погба му се поклони на Златко Далиќ

Франција ја освои светската фудбалска титула, а потегот на Мундијалот го направи Пол Погба, по завршувањето на финалниот меч. Тој дојде до селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, ја стисна неговата рака и му се поклони, изразувајќи почит за сето она што „коцкестите“ го направија на Мундијалот во Русија.

Можеби Погба е самобендисан на теренот и надвор од него, знае да се расправа со судиите, да коментира за навивачите, но има апсолутно најдлабоко почитување за противниците.

Се вчитува...