Погба на боледување уште најмалку еден месец

Поради повредата на стапалото, Пол Погба ќе паузира уште најмалку еден месец. Информацијата доаѓа од менаџерот на Манчестeр Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

„Мислам дека на Погба нема да можеме да сметаме до декември. Долго отустува и ќе му треба повеќе време потполно да се опорави. Можеби во декември би можеле да го видиме“, – изјави Солскјер по победата на Јунајтед над Норич.

Јунајтед покрај Погба има проблеми со повреди на уште неколку значајни фудбалери. Со триумфот над Норич, тимот од „Олд Трафорд“ дојде до 13 бода и е на делба на седмото место на табелата заедно со Шефилд, Борнмут и со Вест Хем.

 

 

Се вчитува...