Погба: Немам никаков проблем со Солскјер

Поразот на Манчестер Јунајтед од 5-0 во дербито против Ливерпул изрази големо незадоволство кај сите приврзаници со „црвените ѓаволи“. По мечот следеа и лавина на информации за можни кавги во тимот, а една од нив беше и онаа помеѓу Оле Гунар Солскјер и Пол Погба.

Францускиот репрезентативец кој го преседе првото полувреме доби шанса за настапи на самото отварање на вторите 45. минути, но довербата која ја доби од норвешкиот стратег ја „фрли во вода“ по само 15 минути откако по катасторфален старт доби директен црвен картон.

Пишувањата на медиумите за можна кавага помеѓу него и тренерот Солскјер кој наводно ги прекинала и разговорите за продолжување на соработката, Погба го отфрли со реакција на социјалните медиуми.

„Тоа се лажни вести кои таблоидите повторно ги измислуваат со цел да имаат наслови. Новинарите го користат моето име за да бидат „видени“ дури и во моменти кога нема што да се „види“. Единствената причина поради која реагирам сега е поради почитта кон мојот тренер, клубот и навивачите. Сакам да им дадам порака што помалку да читаат вакви работи. Тие луѓе немаат срам и ќе пишат се без никаква основа“, напиша Французинот.

Се вчитува...