Погба останува на „Олд Трафорд“ до 2022 година

Манчестер Јунајтед ја активираше одредбата во договорот со која ја продолжува соработката со Пол Погба до 2022 година. Во спортивно, договорот на 27-годишникот ќе истечеше на крајот на сезонава.

Погба сезонава беше во стартната постава на тимот на сите натпревари во Премиер-лигата, но тој ја разбранува јавноста во последната репрезентативна пауза кога изјави дека му е сон да заигра во Реал Мадрид. Сепак, на крајот двете страни постигнаа договор и тој сега засега останува верен на „црвените ѓаволи“.

Французинот во Јунајтед се врати во 2016 година откако четири сезони беше дел од италијанскиот Јувентус.

Се вчитува...