Погба отстранет од првиот тим на Јувентус

Проблеми за Јувентус пред дуелот со Фрајбург во 1/8 финалето во Лигата на Европа. Францускиот фудбалер Пол Погба е исфрлен од страна на тренерот Масимилијано Алегри.

Наводно Погба го прекршил дисциплинскиот правилник, па тренерот на Јувентус донел одлука да не биде во комбинација за дуелот со германскиот тим. Наводно Погба доцнел на тренингот во средата, па затоа Алегри се одлучил да го отстрани од екипата.

Францускиот играч пред извесно време се врати на терените после тешката повреда на коленото. Тој минатото лето се врати во италијанскиот тим како слободен агент од Манчестер Јунајтед. Некои информации говорат дека Јувентус се подготвува да го продаде на лето.

Се вчитува...