По пауза од две години, два месеци и 19 дена поради допинг скандал Пол Погба се врати на терените и настапи за Монако добивајќи шанса во 81. минута на средбата со Рен.
Францускиот репрезентативец доби пречек исполнет со обации од страна на навивачите па не го криеше задоволството од пречекот.
„Моментот кој го видов кога публиката стана на нозе и аплаудираше, не можев ни да замислам дека некогаш ќе се случи. Чувствувам олеснување бидејќи повторно играм фудбал. Тоа е нешто што го сакам највеќе на светот“, изјави Погба.
No excuses, everyone stop scrolling 😅… PAUL POGBA IS BACK AND READY TO DOMINATE ❤️⚽🔥 pic.twitter.com/NhWAgAbkAt
— 𝕋𝕙𝕖 𝕊𝕡𝕖𝕔𝕚𝕒𝕝 𝕆𝕟𝕖 💙⚡ (@CFCdammy01) November 22, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

