Погба: Сакам пехар, а не рекорди

Пол Погба, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, не беше задоволен од ремито на својот тим на гостувањето кај Саутемптон во второто коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ загубија на полувреме, успеаја да израмнат во продолжението преку Гринвуд, на асистенција на Погба, но не успеаја да ги освојат сите три бода.

Французинот истакна дека неговиот тим одиграл добар натпревар, но за поголеми успеси е неопходно да се работи кон зголемување на нивото на квалитет.

„Мислам дека заслуживме повеќе од бод, но факт е дека моравме да бидеме уште подобри. По израмнувачкиот гол, застанавме извесно време, како да бевме задоволни. Затоа не стигнавме до триумфот. Мојот впечаток не е дека освоивме бод, туку дека испуштивме два“, истакна Погба.

Јунајтед направи подвиг бидејќи стигна до 27. последователни натпревари во Премиер лигата, на кои нема изгубено на гости. На овој начин тие го израмнија рекордот на Арсенал, а следната недела за противник ќе го имаат тимот на Волверхемптон, двобој на кој имаат можност да бидат сами на врвот на вечната листа според овој критериум.

„Секогаш е убаво да се слушне дека сте направиле нешто за првпат. Меѓутоа, ако ме прашувате мене, подобро е да ја освоите титулата и да изгубите натпревар. Тоа, сепак, е она што е најважно и што секој треба да се брои на крајот од денот. Мораме да бидеме подобри ако сакаме да бидеме кандидати за првото место“, истакна Погба.

Се вчитува...