Погба се предомисли од големото предавство: Французинот го одби повикот на Гвардиола!

Француската ѕвезда Пол Погба кој ќе си замине од Манчестер јунајтед како слободен играч летово нема да направи предавство и да потпише за Манчестер сити и покрај понудата од Пеп Гвардиола.

Според угледниот „Атлетик“, Погба ја одбил понудата од „Итихад“, но решил да замине во некој од другите европски гиганти, а три се во трка за неговиот потпис – ПСЖ, Реал Мадрид и бившиот клуб Јувентус.

Погба замина во Манчестер јунајтед од Јувентус за тогашен светски рекорд од 105 милиони евра во 2016 година, но во последните две сезони не е на нивото во дресот на „црвените ѓаволи“, а се најавуваше во изминатиов период неколкупати негов трансфер кој не се случи и поради големото обесштетување кое го бараа од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...