Погба со два гола од пенал за триумф на Јунајтед… (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Пол Погба со два гола од пенал донесе победа од 2-1 за Манчестер јунајтед против Вест Хем во 33. коло од Премиерлигата.

„Црвените ѓаволи“ извлекоа три бода за продолжување на битката за третата или четвртата позиција на табелата, благодарение на погодокот на 11 метри на Погба во 80. минута.

Претходно, Французинот донесе водство исто така од пенал во 19. минута, а Андерсон израмни за Вест Хем во 49. минута.


Јунајтед сега е со 64 бода, два помалку од четвртопласираниот Челси.

Се вчитува...