Погба со песна за Канте, Дешамп пратечки вокал (видео)

Пол Погба своите најдобри настапи за Франција ги имаше на овој Мундијал, но на асот на Манчестер јунајтед му е јасно дека до тронот на светот немаше да се искачи доколку не беше неговиот партнер од средниот ред, секогаш скромниот Нголо Канте.

Француските репрезентативци попладнево беа примени во претседателската палата во Париз, а Погба ја искористи можноста да запее песна во чест на Канте.

„Нголо Канте, тој е мал, тој е фин, тој го запре Лионел Меси“ – гласат дел од стиховите што ги испеа Погба, за кои пратечки вокал му беше селекторот Дидие Дешамп.

Се вчитува...