Погба: Во Јувентус се восхитував само на еден фудбалер

Пол Погба пред осум години, на свои 19 години, го напушти Манчестер јунајтед разочаран од статусот во клубот и замина во Јувентус. Четири години подоцна се врати во Јунајтед како најскап фудбалер во историјата.

„Мајка ми секогаш ми викаше дека ќе се вратам дома. Знаеше дека ќе се вратам во Манчестер. Бев пресреќен кога се вратив и сакав на сите да им покажам колку вредам“ – вели Погба потсетувајќи се на времето минато во Јувентус.

„Учиш од сите играчи со кои играш. Но, има само еден на кој му се восхитуваш. А тоа е Андреа Пирло. Го гледав што прави на тренинзите и се обидував што повеќе да научам од него. Во Јунајтед тоа беше Пол Сколс. Кога ќе добиев можност да тренирам со првиот тим постојано го следев Сколс и се обидував да го имитирам. Од нив двајца многу научив“ – истакнува францускиот репрезентативец.

Се вчитува...