Погба во последен час се откажал од „велепредавство“

Пол Погба на крајот на сезоната ќе замине од Манчестер Јунајтед како слободен играч, а која ќе биде неговата следна дестинација останува да видиме. Засега е јасно дека тоа нема да биде Манчестер Сити и покрај тоа што Французинот бил во завршна фаза од преговорите со големиот ривал на Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Имено, Погба веќе ги договорил личните услуги со „граѓаните“, но во последен час се откажал од трансферот поради став од реакциите на навивачите на „црвените ѓаволи“. Тој сфатил дека неговиот живот ќе биде неиздржливо тежок поради осудата која ќе стигне од најверните навивачите на Манчестер Јунајтед па се одлучил да не го реализира трансферот.

Интересно во својата кариера Погба има само два клуба. Манчестер Јунајтед каде ја започна кариерата и Јувентус од каде во 2016 година се врати во Англија во сензационален трансфер вреден 105 милиони евра.

Се вчитува...