Погба за заминувањето од Манчестер: Фергусон ме понижи пред сите

Францускиот фудбалер Пол Погба говореше за својот прв престој на „Олд Трафорд“ кога Фергусон се одлучи за без пари да го пушти да замине во Јувентус.

„Тоа беа тешки времиња за мене поради се што се случи. Сер Алекс Фергусон за мене е најдобриот тренер во историјата, но факт е дека многу ме повреди. Бев последна опција за него. Тогаш дури Рафаел и Парк играа пред мене во средината. Потоа се реши да го врати Пол Сколс од пензија, тоа беше големо понижување“, изјави Погба. 

Погба во Јунајтед се врати во 2016 година, но поради несогласување со раководството тој е многу блиску до ново заминување од клубот.

Се вчитува...