Погледнете го најлудиот кош во историјата на НБА (ВИДЕО)

Кошаркарот на Феникс санс, Дилон Брукс, го постигна еден од најнеобичните кошеви во НБА. Во четвртата четвртина од натпреварот против Оклахома Сити Тандер, по еден негов потег, топката отскокна од подот и заврши директно во кошот.

Сепак, тој необичен погодок не му помогна на Феникс да избегне пораз, бидејќи „Оклахома“ победи со 125-114. Се се случи за време на борбата за топката под кошот. Брукс успеа да дојде до неа, а во големата гужва ја турна кон подот. Наместо да отскокне на страна, топката тргна право кон обрачот и заврши во мрежичката.

Тоа не беше класичен шут, каков што кошаркарите вежбаат илјадници пати на тренинзите, туку крајно необична ситуација во која топката, по контактот со подот, си го најде патот до кошот.

Се вчитува...