Жоао Феликс пред четири години оствари трансфер вреден 125 милиони евра во редовите на Атлетико Мадрид со што стана најскапото засилување во историјата на „јорганџиите“. А, и покрај тоа што очекувањата за Португалецот на „Ванда Метраполитано“ беа огромни, тој не успеа да се наметне во системот на Диего Симеоне.
Младиот фудбалер влезе во конфликт со тренерот и со навивачите на Атлетико Мадрид па прво беше пратен на позајмица во Челси, а оваа сезона во Барселона каде во вчерашното дерби во шпанското првенство и му пресуди на својот клуб постигнувајќи го единтвениот гол во победата од 1-0.
Феликс притоа го прекрши и непишаното правило. Бурно го прослави голот против својот актуелен клуб па дополнително си ја закомпликува иднината во Атлетико Мадрид со кој има важечки договор до 2029 година.
JOAO FELIX WHAT A GOAL🔥🔥🔥 pic.twitter.com/YtcrH7aPP2
— Culers Media (@lewyball) December 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА