Погледнете ја лудата завршница во „ТД Гарден“ и како Милвоки ја „украде“ победата на Бостон (ВИДЕО)

Милвоки поведе со 3-2 во „зелената“ серија против Бостон откако изминатата вечер славеше на гостински терен со 107-110 во драматична завршница со која се најде на победа од пласман во конференциското финале на Истокот.

Домаќините кои имаа предност од 14 поени на отварањето на последната четвртина (93-79), не успеаја истата да ја задржат благодарение на фантастичниот шут на гостите за три поени па натпреварот продолжи во драматична завршница. Во неа Тејтум со две слободни фралња го донесе Бостон во предност од 107-105 на 15 секунди пред крајот, а откако на спротивната линија застана Адетокумпо, Гркот го промаши вториот обид за еден поен, но топката среќно се најде во рацете на Портис кој погоди за водство од 107-108.

Потоа на сцена настапи Дру Холидеј кој го спречи Маркус Смарт во следниот напад со блокада, а и ја исфрли топката од кошаркарот на Бостон за посед по кој беше поставен конечниот резултат. Бостон имаше уште една шанса за изедначување, но Холидеј украде топка па гостите славеа голема победа.

Се вчитува...