Поголемиот дел од премиерлигашите се за поништување на сезоната?

Поголемиот дел од клубовите во Премиер-лигата се за поништување на актуелната сезона, што би значело дека Ливерпул ќе остане без титулата на која чека 30 години, пренесуваат британските медиуми.

„Многу клубови од Премиер-лигата сакаат сезоната да заврши веднаш, дури и ако тоа значи дека Ливерпул ќе остане без трофејот на кој чека 30 години“, пишува во медиумите на островот. 

Актуелната сезона е суспендирана поради пандемијата од коронавирусот која го зафати светот, а последната одлука околу целата ситуација ќе ја има Англиската фудбалска федерација.

Се вчитува...