Поинаква Македонија: Бајиќ ќе ги тестира синовите на Симиќ, Врбица, Боцевски, Наумоски…

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, објави два списоци во пресрет на претквалификациите за СП 2023, што ќе се одржат во месец август во Скопје.

Новиот кормилар на националниот тим најавува подмладување на составот, но тој донесе одлука најпрвин од 10 јули да почне да работи со помладите кошаркари, кои сака најпрвин да ги види на дело пред конечно да пресече кои од нив би можеле да бидат вклучени во сениорскиот национален тим.

Овие подготовки ќе стартуваат на 10 јули, а на списокот од млади играчи на Бајиќ се најдоа членови на селекци „Под 20“ и онаа „Под 18“ години, но и неколку играчи кои се за нијанса повозрасни и до пред неколку години беа младински репрезентативци на Македонија. Меѓу оние кои се повикани на тренинзите се и синови на поранешни македонски кошаркарски репрезентативци како Врбица Стефанов, Петар Наумоски, Душан Боцевски, Тони Симиќ…

На првиот тренинг, планиран да се реализира во салата на СЦ „Јане Сандански“, се повикани: Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009),  Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).

Паралелно со тие тренинзи, Бајиќ од 12 јули ќе почне со подготовките на сениорската репрезентација, во која за првпат по долги години ќе ги нема браќата Војдан и Дамјан Стојановски.

Официјалниот дел од подготовките на нашата најдобра селекција ќе започне на 12.јули, во 10. часот во салата на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Покани за настап во претквалификациите за СК 2023 година, се испратени до следниве кошаркари: Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Бојан Трајковски (Пелистер), Бобан Стајиќ (Пелистер), Горјан Марковски (Куманово 2009), Дамјан Робев (Куманово 2009), Љубомир Младеновски (Работнички), Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија), Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД), Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија) и Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора).

Се вчитува...