Покајникот Кирјос – Не сакам лошо да влијаам на останатите млади тенисери

Најконтроверзниот тенисер на денешницата, Австралијанецот со грчко потекло Ник Кирјос се надева дека Стефанос Циципас нема да ги повтори неговите грешки и дека ќе има врвна кариера.

Тие двајца играа заедно во дубл на турнирот во Вашингтон, каде беа елиминирани во првото коло.

„Неговата кариера тукушто почна и очекувам да биде многу успешна. За среќа, не направи грешки како јас. Ако остане психички силен, како што е сега може многу да направи. Би сакал да одиграм уште некој дубл меч со него, но надвор од терените не сакам да се дружам со него, за да не влијаам лошо“, вели Кирјос. 

Австралијанецот се смета за еден од најталентираните тенисери во светот, но поради лошиот карактер талентот не може да дојде на прво место.

Се вчитува...