„Покер“ на Сон, убедлив триумф на Тотенхем

Тотенхем влезе во голгетерска форма пред гостувањето во Скопје и дуелот со Шкендија во Лигата на Европа. Тимот на Жозе Мурињо славеше со 2-5 на гостувањето кај Саутемптон, а Хјонг-Мин Сон беше стрелец дури на четири гола.

Петтиот погодок за Тотенхем го постигна капитенот Хари Кејн, а Дени Ингс беше двоен стрелец за Саутемптон. Тотенхем на 24.септември ќе игра против Шкендија на арената „Тодор Проески“.

Се вчитува...