Дербито на 12. коло во Премиерлигата помеѓу Челси и Манчестер Сити донесе степктакл на „Стемфорд Бриџ“ каде беа постигнати осум голови, а двата тима ги поделија бодовите благодарение на прецизноста на досекорешниот фудбалер на „граѓаните“ Кол Палмер од белата точка во 95. минута.
По натпреварот од страна на камерите беше уловен и тренерот на „сините“, Маурисио Покетино како луто чекори кон главниот судијата Ентони Тејлор, вика и гестикулира изразувајќи незадоволство зошто го прекина натпреварот во моментите кога неговиот тим можеше да започне контра напад.
Pochettino marching towards Anthony Taylor may just be clip of the night 🤣 pic.twitter.com/ZuZeJjuAA3
— CFC-Blues (@CFCBlues_com) November 13, 2023
Аргентинскиот стратег за овој потег доби жолт картон, а и не ја попушти шансата да се извини на пресконференцијата за медиуми.
„Му се извинувам на Тејлор, неговите помошници и четвртиот судија. Мислев дека во тие моменти Стерлинг има шанса за петти гол. Заслужив картон бидејќи ја преминав границата која не смее да се премине. Тоа не беше добра слика ниту за мене, ниту за фудбалот. Така не се однесува на еден натпревар. Му се извинувам и на Гвардиола, едноставно во тие моменти не го видов“, изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА