Покетино: Џејмс е пример како треба да изгледа еден капитен, тој е нашата иднина

Челси му направи голема чест на Рис Џејмс доверувајќи му ја капитенската летна која репрезентативецот на Англија ја наследува од Цезар Азппиликуета кој ова лето стави крај на една ера со преселба во редовите на Атлетико Мадрид.

Џејмс кој потекнува од младинската школа на Челси скоро целата своја кариера го помина во „синиот“ дрес со исклучок на сезоната 2018/19 која ја помина на позајмица во Виган. А, новиот тренер на клубот „Стемфорд Бриџ“, Маурисио Покетино не ја пропушти шансата да го пофали својот нов капитен.

„Има и други лидери во тимот, но Рис дава пример и со своите карактерни особености и своите фудбалски квалитети. Тој е иднината на клубот. Потекнува од младинската школа и за нас тој е совршен. Како личност ги исполнува сите критериуми за добар капитен“, изјави Покетино.

Се вчитува...