Покетино ги избра најдобрите фудбалери во Премиер – лигата

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино, се споменува како еден од главните кандидати за преземање на фунцијата во Њукасл откако новиот сопственик, саудискиот принц Мохамед бин Салман и официјално ќе ја земе сопственоста над клубот. Во меѓувреме, Аргентинецот за „Скај Спорт“ ги избра најдобрите фудбалери во англискиот шампионат.

„Де Бруин е број еден. Агуеро е на второто место“, изјави Покетино.

Дилемите останаа за третата позиција.

„Не знам што би можел да кажам. Можеби Фирмино…Има стотина фудбалери за кои би можеле да разговараме“, дополни аргентинскиот стратег.

Покетино замина од клупата на Тотенхем во ноември минатата година и оттогаш е без ангажман.

 

 

Се вчитува...