Покетино: Ги разбирам незадоволните навивачи, но знам што правам со Челси

Разочарувачкиот старт на сезоната на Челси продолжи и со денешното реми на гостувањето против Борнмут. Фановите на лондонскиот клуб се бесни по катастрофалниот почеток и петте освоени бода по првите пет кола, но Маурицио Покетино повика на трпение по свирежите што тој и неговите избраници ги добија по денешниот натпревар.

Според аргентинскиот стратег, изградбата на нов тим со огромен број нови засилувања никогаш не е брз процес и неопходно е време за од Челси да биде составен силен тим.

„Фановите се разочарани и незадоволни и јас целосно ги разбирам. Разочаран сум и јас од она што го гледам, но верувајте дека добро знам што правам со Челси и убеден сум дека овој проект ќе застане на здрави нозе. Имаме голем број нови фудбалери кои се соочуваат со нови улоги во екипата и треба да се навикнат. Згора на тоа имаме и голем број на повредени играчи, кога ќе станеме комплетни се ќе биде подобро“, изјави Покетино.

Се вчитува...