Покетино го чека расплетот на сезоната на „Олд Трафорд“: Подготвен е за клупата на Јунајтед

По пет години на клупата на Тотенхем, Маурицио Покетино доби отказ препуштајќи го менаџерското столче на Жозе Мурињо. Сега е на одмор, иако постојано е поврзуван со клубови од најсилните европски лиги.

Последните шпекулации зборуваат дека Покетино по крајот на актуелната сезона ќе го преземе тимот на Манчестер јунајтед. За работа на „Олд Трафорд“ е секако заинтересиран и самиот 47-годишен стручњак.

„Мирор“ пренесува дека членови на раководството инсистирале да се постигне договор со Покетино, но последниот збор ќе го има Ед Вудворд кој, засега, силно го поддржува Оле Гунар Солскјер.

Јунајтед сезонава воопшто не блеска. Моменталне е осми тим во Премиерлигата со 35 бода.

Се вчитува...