Покетино го наговара Кутињо во последен миг да дојде во Тотенхем

Фелипе Кутињо е на излезна врата на „Камп Ноу“ и ќе замине за Лондон, но Маурисио Покетино би сакал во последен миг да го избере Тотенхем. Тој има контакти со Арсенал и речиси е договорена едногодишна позајмица, но Покетино му се јавил на својот поранешен фудбалер од Еспањол и му понудил да го облече дресот на Тотенхем. Ќе игра и во Лигата на шампионите, а тоа не е случај со Арсенал.

Тотенхем знае дека ќе го продаде Кристијан Ериксен и експресно бара нов квалитетен играч за врска. Кутињо би бил идеално решение за Маурисио Покетино, а би дошол како позајмен играч, со право за комплетно откупување на договорот.

Трансферниот прозорец во Премиер – лигата се затвора утре во 18 часот.

Се вчитува...