Покетино го одби Манчестер Јунајтед, чека повик од друг клуб

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино и дефинитивно ќе го промени тимот на лето. Покетино моментално е на клупата на ПСЖ, а сите шанси на лето да биде заменет со Зинедин Зидан се големи.

Маурисио ќе се впушти во нови авантури. За него е заинтересиран Манчестер Јунајтед, но се чини дека негова желба е да се врати во Шпанија каде го водеше Еспањол од 2009 до 2012 година.

Реал Мадрид исто така би можел да бара нов тренер бидејќи според медиумите „кралевите“ се подготвени да му се заблагодарат на Карло Анчелоти на крајот од сезоната и да му понудат работа на Покетино.

Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед го сака Покетино, но Аргентинецот наводно е решен да ја чека поканата на Реал и на крајот да го преземе актуелниот лидер во шпанската Ла Лига. Во тој случај Јунајтед би се насочил кон доведување на одличниот Ерик тен Хејг од Ајакс.

Се вчитува...