Покетино го „жртвува“ Галагер за засилување во нападот

Тренерот на Челси, Маурисио Покетино не ја крие желбата за нови засилувања во јануарскиот преоден рок по очајните игри на тимот во првиот дел до сезоната. Но, со оглед на преголемата сума потрошена во изминатите преодни роков Челси ќе мора да продава доколку сака да се засили.

Во тој случај прв на листата на заминување се јавува Конор Галагер. Фудбалерот од средниот ред има важност на договорот за следните 18 месеци, а сега не се водат преговори за негово задржување на „Стемфорд Бриџ“ во иднина и покрај тоа што оваа сезона 23-годишникот има запазена улога во тимот.

„Жртвата“ сепак ќе дојде само доколку Челси успее да договори засилување во нападот. Прва желба на аргентинскиот стратег е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, а како резервна опција се јавува Иван Тони, 27-годишниот Англичанец од редовите на Брентфорд.

Се вчитува...