Покетино има план: Лукаку останува во Интер, за Лаутаро Мартинез да дојде на „Стемфорд бриџ“

Маурицио Покетино се уште не е промовиран во нов менаџер на Челси за наредната сезона, но Аргентинецот веќе ги планира првите потези на трансфер-пазарот за летниот преоден рок. „Сините“ потрошија богатство на нови засилувања по доаѓањето на новиот сопствениот Тод Боели, но голем дел од нив се покажаа како огромни промашувања, па Покетино ќе има полни раце работа да состави тим за атак на висок пласман.

Приоритет дефинитивно ќе биде навалната линија, ако се знае дека Челси нема класичен врвен голгетер, проблем што новиот тренер ќе мора под итно да го реши. Веќе е договорено доаѓањето на Нкунку од Лајпциг, но францускиот репрезентативец нема да биде единственото освежување за нападот на „сините“. Покетино има јасна цел на стартот од преодниот рок да донесе уште еден напаѓач од светка класа, а желба на Аргентинецот е во својот нов клуб да го доведе сонародникот Лаутаро Мартинез.

Тој игра во одлична форма во дресот на Интер, а со оглед на финансиските проблеми на „нероаѕурите“ се верува дека двете страни би можеле да најдат заеднички јазик.. Адут во преговорите на Челси ќе биде Ромелу Лукаку, Белгиецот кој се врати во топ-форма изминатиот месец, па Интер сега сериозно размислува да го задржи во своите редови. Лукаку летово ќе треба да се врати во Челси, но „сините“ се подготвени да го вратат назад во Милано, на нова позајмица или со перманентен трансфер, ако од Интер добијат зелено светло за трансферот на Лаутаро Мартинез.

Секако, англискиот премиерлигаш ќе треба и да доплати извесна сума, но Боели се покажа како газда на кого парите не му се проблем во доведувањето на нови засилувања на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...