Хулен Лопетеги ќе си замине, без разлика на исходот на „Ел Класико“, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе го избрал неговиот наследник. Според шпанските медиуми, Маурицио Покетино, менаџерот на Тотенхем, ќе биде нов шеф на стручниот штаб на „кралскиот клуб“.
Преговорите се во завршна фаза, а Реал Мадрид е подготвен да плати отштета вредна 40 милиони фунти за да го добие Покетино на клупата. Тотенхем лошо ја стартуваше сезоната во Лигата на шампионите, тоа прави одреден притисок во клубот, но јасно е дека сопственикот Даниел Леви нема лесно да се откаже од неговите услуги.
Како можни наследници на Хулен Лопетеги, кој при отказ би добил и отштета од 18 милиони евра, се споменуваат и Антонио Конте, Арсен Венгер, Жозе Мурињо, како и поранешните фудбалери на овој клуб, Гути и Сантијаго Солари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА