Покетино ќе инкасира 14 милиони евра отштета за отказот во ПСЖ

Веќе нема дилема, Маурисио Покетино ја завршува менаџерската улога на клупата на ПСЖ. Тој успеа да ја врати титулата, но во Лигата на шампионите не направи ништо, a без разлика што има актуелен договор ос „светците“, ќе добие отказ.

Тој надеваше на клупата на Манчестер Јунајтед, но ја загуби трката со Тен Хаг.

Преговорите меѓу Аргентинецот и ПСЖ за обештетување веќе се започнати, а според „Паризиен“, поранешниот играч на клубот, кој стекна голема репутација работејќи во Тотенхем, ќе добие околу 14 милиони евра отшета.

„Светците“ ќе го исплатат, не доаѓа предвид да остане, а од друга страна нема да преземе ниту еден клуб додека не ги добие сите пари од новиот француски шампион.

За негов наследник се по веројатно е дека ќе биде Антонио Конте. Тој сега е прв фаворит за клупата, Зидан се уште ја посакува тренеската позиција на Франција по СП, па Катарците го загубија трпението.

Конте е подготвен наводно да потпише двегодишен договор со парижаните, да доведе играчи по негов избор, а сигурно е дека неговото доаѓање би ја намалило моќта на Леонардо. Неколку Италијанци во тимот ќе му ја олеснат работата на актуелниот менаџер на Тотенхем, најверојатно ќе пристигне и Пол Погба.

Италијанецот има договор со Тотенхем на уште една година, но спогодбено би ја раскинал соработката.

Се вчитува...