Покетино: Кејн почна со тренинзи, ќе игра во финалето од ЛШ

Хари Кејн ги надмина проблемите со повредата на зглобот и дефинитивно ќе може да настапи за Тотенхем на големото финале против Ливерпул што в сабота ќе се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Англискиот репрезентативец се повреди на првиот четвртфинален дуел со Манчестер Сити, „спарси“ и без негова помош стигнаа до големото финале, каде помошта на Кејн ќе биде добредојдена.

„Кејн почна со тренинзи од петокот и саботата. Ситуацијата околу него е позитивна, имаме доволно време за уште повеќе да му се подобри состојбата. Веќе имам кажано многу пати, Кејн е многу важен фудбалер за нас и доколку се чувствува добро тој ќе игра во финалето. Уше е рано за да се прогнозира дали ќе биде стартер или ќе влезе во второто полувреме, но јасно е дека неговото присуство во екипата ќе биде голем плус за нас“–  истакна Маурицио Покетино.

Доколку Кејн се најде во стартниот тим, тоа ќе значи преселба на клупата за резерви за Лукаш Моура, кој со хет-трик во второто полувреме во Амстердам го одведе Тотенхем во големото финале.

Се вчитува...